Beschrijving
Во шеесет и шестата епизода на Беседа зборуваме за трите големи женски архетипи – Заводничката, Мајката и Музата. Разговараме за нивната улога во односите помеѓу мажите и жените, како и во поширокиот социо-сексуален пазар што постои во човечките заедници. Овие три архетипа ги истражуваме како три различни аспекти на женственоста што се појавуваат во различни облици и со различен интензитет.
Заводничката ја претставува силата на привлечноста, еротиката, страста и животната енергија. Таа е архетипот што инспирира желба, игра и динамика во односот. Мајката ја носи димензијата на грижа…
Website: podcasters.spotify.com

