Show notes
Во педесет и четвртата епизода на Беседа се соочуваме со настан што ја разголува логиката на современата империјална моќ: воената агресија врз Венецуела.Тргнуваме од фактите и од јасна, недвосмислена осуда на бомбардирањето, апсењата и кршењето на суверенитетот на една послаба држава, оправдани со јазикот на „правда“ и „ред“, но изведени како класичен чин на државен терор. Ова не го третираме како изолиран инцидент, туку како симптом.Ја поставуваме Венецуела во поширокиот историски шаблон на империјална доминација: од Ирак и Либија, преку Сирија и Куба, до Латинска Америка како трајна зона…
Website: podcasters.spotify.com

