Σημειώσεις επεισοδίου
Во неделата на 28.04.2024 имав прилика да бидам дел од "Каков Град?" - просторна интервенција, перформанс и музички настан во прекрасната Железничка зграда во Скопје.
Во еден едукативен процес на читање на градот, се обидовме заеднички да одговориме на прашањето: Каков Град? (Ни треба). Тука се неколку одговори, а на настанот во неделата имаше уште многу повеќе, фокусирајќи се на прашањата во која насока го гледаме нашиот иден Град.
Каков Град? - Инклузивен? Ксенофобичен? Мултифункционален? Барокен? Со (нова) универзална сала? Со нови згради? Со трамвај? Со жени? Со мажи? Со прајд? Со…
Ιστότοπος: podcasters.spotify.com

